Гевгелија доби терапевтска соба за децата со посбни потреби

10.06.2014 11:33

Европската унија ќе ги зголеми средствата за поддршка на проектите за социјализација на децата со посебни потреби. Проектите се поддржани и од сопругата на претседателот Иванов, која и досега даваше огромен придонес во разни хуманитарни активности. Најнова е терапевтската соба во Гевгелија...

Децата со посебни потреби од Гевгелија добија терапевтска соба за индивидуална работа за нивна подобра вклученост во општеството. Во дневниот центар за лица со посебни потреби е сместена просторијата чие отворање е обезбедено преку проектот „Целосна социјализација на децата со посебни потреби“ што го финансира Европската унија. Зголемувањето на социјалната интеграција и развојот на овие деца, го поддржа и сопругата на претседателот Ѓорге Иванов.

„Тоа го правам пред се и како мајка која сочувствува со родителите на децата со посебни потреби и ги разбира предизвиците со кои тие се соочуваат“, нагалси Маја Иванова, сопруга на претседателот Иванов.

Европската унија има намера во наредните години да ги зголеми фондовите кои се наменети за лицата со посебни потреби, најави евроамбасадорот Аиво Орав. Само со вклученост на децата во редовните наставно- образовни содржини, може да се надминат предизвиците и тие да станат дел од општеството.

„Ние веруваме дека интеграцијата ќе овозможува социјални процеси и дека доколку се обезбедни потребните образовни алатки и знаења, секое дете ќе може да се вклучи во сегашната и идната заедница“, изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Унапредуваењто и подобрувањето на условите за оваа ранлива категорија на граѓани е приоритет и за Гевгелија, вели градоначалникот Иван Франгов.

„Во Гевгелија пред две години беше отворена првата сензорна соба во земјата. Тоа беше потврда на заложбаа на нашите граѓани со посебни потреби да им обезбедиме полесна социјализација на децата“, изјави градоначалникот Франгов.

Истовремено, отворени се и сензорни соби во основните училишта во Богданци, Нов Дојран и Валандово. Проектот чини 77 илјади евра, а го реализира Фондацијата „Аполонија“ и „Македонското научно здружение за аутизам“.

 

Катерина Давчева