Тенис

Синер триумфираше на Австралија опен

28.01.2024 15:04

На патот до титулата во Мелбурн во своето прво грен – слем финале во кариерата Синер во полуфиналето го совлада најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кому му го нанесе првиот пораз по серијата од 33 сингл победи на Австралија опен.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Австралија опен, откако попладнево во финалето на грен – слем турнирот во Мелбурн го совлада Русинот Данил Медведев со 3-6, 3-6, 6-4, 6-4,6-3.

Дуелот траеше три часа и 46 минути и донесе врвен тенис.

На патот до титулата во Мелбурн во своето прво грен – слем финале во кариерата Синер во полуфиналето го совлада најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кому му го нанесе првиот пораз по серијата од 33 сингл победи на Австралија опен.

Финалето во Мелбурн беше десетти меѓусебен дуел на Медведев и Синер во кој италијанскиот тенисер ја забележа четвртата победа.