Ракомет

Шведска со бронзен медал на ЕП 2024

28.01.2024 17:28

Германија имаше водство само од 2-1, а потоа Шведска ја презема предноста и ја држеше до крајот на мечот. Иако Германија успеа да го намали водството на Шведска, не беше блиску до пресврт.

Шведска го освои бронзениот медал на Европското првенство во Германија откако во мечот за третото место славеше над домаќинот со 34-31.

Германија имаше водство само од 2-1, а потоа Шведска ја презема предноста и ја држеше до крајот на мечот. Иако Германија успеа да го намали водството на Шведска, не беше блиску до пресврт.

Клар со осум голови беше најдобар во составот на Шведска, додека кај Германците со исто толку голови најдобар беше Ушинс.

Фото: ЕХФ