ЕП 2024

Франција е новиот Европски шампион

28.01.2024 20:17

Иако впечатокот беше дека Данска е поблиску до златото поради тоа што го диктираше темпото, на крајот потклекна во клучните моменти.

Ракометната репрезентација на Франција е новиот европски првак откако во драматично финале успеа да го совлада светскиот првак Данска со 33-31, во завршницата што беше решена со две продолженија од по пет минути.

Француските ракометари речиси целиот натпревар бркаа резултат против Данска. На минута пред крајот имаше напад за плус два, но откако не го искористи, Фабрегас на спротивната страна постигна гол за 27:27 и мечот отиде во дополнителни 10 минути игра. Иако впечатокот беше дека Данска е поблиску до златото поради тоа што го диктираше темпото, на крајот потклекна во клучните моменти.

Голманот на Данска, Нилсен беше прогласен за МВП играч во финалето.

Ова е четврто злато за Французите на Европското првенство во ракомет.

Фото: ЕХФ