Александар Стуб води во првиот круг од претседателските избори во Финска
Според податоците на Министерството за правда, објавени по затворањето на избирачките места, Стуб добил 28,3 насто од гласовите, на второ место е кандидатот на либералната унија на зелените...

Поранешниот премиер Александар Стуб води во првиот круг од претседателските избори во Финска. Според податоците на Министерството за правда, објавени по затворањето на избирачките места, Стуб добил 28,3 насто од гласовите, на второ место е кандидатот на либералната унија на зелените, Пека Хависто, со 25,8 насто од гласовите, додека на трето место е екстремниот десничар Јуси Хала-Ахо со 16,1 проценти од гласовите.
Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 насто од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 11-ти февруари. Претседателот на Финска, за разлика од лидерите на повеќето европски земји, има извршна моќ во одредувањето на надворешната и безбедносната политика, особено кога станува збор за земји надвор од ЕУ.
