Израел

Ганц: Војната меѓу Израел и Хамас би можела да трае, ослободувањето на заложниците е главен приоритет

29.01.2024 08:53

Војната меѓу Израел и Хамас би можела да трае една генерација, а ослободувањето на заложниците кои ги држи милитантната група мора да остане главен приоритет...

Војната меѓу Израел и Хамас би можела да трае една генерација, а ослободувањето на заложниците кои ги држи милитантната група мора да остане главен приоритет, изјави израелскиот министер за војна, Бени Ганц. 

Ганц им соопштил на жителите на евакуираните заедници на југот на Израел дека е потребно итно ослободување на заложниците. Според него, ќе биде потребно време за целосно отстранување на заканата од Хамас, а се очекува до лето да се воспостави релативна безбедност.