Клинтон: Ако се кандидирам за претседател на САД нема да изгубам
10.06.2014 12:28
Ако Клинтон ги победи противкандидатите во Демократската партија, ќе биде првата жена претседател на САД...

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, во интервју рече дека е подготвена за борба и ако се кандидира, нема да ја изгуби Белата куќа на изборите во 2016 година. Освен за светската политика, Клинтон раскажа и за некои болни моменти, како нејзината здравствена состојба, Моника Левински и за тоа како од Белата куќа излегле без скршен долар.
„Немавме пари кога влеговме, а кога излеговме, се боревме да ги исплатиме хипотеките и образованието на Челзи“, изјави Хилари Клинтон, поранешен државен секретар на САД.
Ако Клинтон ги победи противкандидатите во Демократската партија, ќе биде првата жена претседател на САД.
