Македонија

Најстудено утрово во Крушево

29.01.2024 09:12

Најниска температура од-5 степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево...

Најниска температура од-5 степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево. Следат Маврови Анови и Струмица со-4 степени, -3 Берово, Демир Капија, -2 Битола, Прилеп, Претор, -1 Охрид, Штип, Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран и 3 степени Велес.

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува 10 сантиметри во Маврови Анови, 6 Крушево, 4 Попова Шапка, Дебар и 2 сантиметри во Тополчани.