САД и Кина во вторник ќе ги продолжат разговорите за борбата против фентанил
САД и Кина утре ги продолжуваат разговорите за поефикасна борба против производството на фентанил, синтетичка дрога која предизвикува хаос во САД и за која Вашингтон го обвинува Пекинг, соопшти администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден...

САД и Кина утре ги продолжуваат разговорите за поефикасна борба против производството на фентанил, синтетичка дрога која предизвикува хаос во САД и за која Вашингтон го обвинува Пекинг, соопшти администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Разговорите, како дел од работната група за борба против наркотици, што ќе се одржат во Пекинг следуваат по самитот на САД и Кина во ноември во Сан Франциско, за време на кој претседателите Бајден и Си Џинпинг го продолжија дијалогот по неколкугодишна стагнација.
Според неименувани американски претставници, кинескиот претседател се согласил да преземе „низа мерки за значително намалување на пратките“ на компонентите на фентанил од Кина, кои често минуваат низ Мексико и неговите наркокартели. Околу 100 илјади луѓе годишно умираат во САД од прекумерна употреба на фентанил, лекот е една од водечките причини за смрт кај населението помеѓу 18 и 49 години.
