ЦУК

ЦУК: Вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112

29.01.2024 09:57

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,40%, а 60,60% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,40%, а 60,60% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 48,56%, кон Итната медицинска помош 41,97%, кон пожарникарите 8,65%, а кон АМСМ 0,41% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 0,41% со другите 60,60% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 987 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање.

Регионалните центри за управување со кризи информираа дека во државата сè уште има „зимски викенд“ пожари на вегетација на отворено, како што ги имало во саботното, така и во последното неделно деноноќие имало десетина пријавени.