Владата бара студенти- волонтери!

10.06.2014 12:36

Рокот за пријавување е до 15 јуни, а волонтирањето ќе биде во периодот од 1 јули до 15 септември годинава. На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно Законот за волонтерството...

Владата овозможува волонтирање на заинтересираните студенти во завршна година од областа на правните, политичките, економските, филолошките, но и од областа на електро-техничките науки. Волонтирањето ќе се врши во канцеларијата на премиерот и на генералниот секретар на владата. ѓ

Целта, како што потенцираше на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, е приближување на работата на државната администрација кон граѓаните на Република Македонија, а воедно и укажување на можноста за стекнување на работно искуство на младите.

Рокот за пријавување е до 15 јуни, а волонтирањето ќе биде во периодот од 1 јули до 15 септември годинава. На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно Законот за волонтерството, што ќе изнесува околу 4.500 денари.

Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за интерес, кратка биографија и фотокопија од индекс до Владата на Република Македонија на адреса: Бул. Илинден бр.2, 1000, Скопје, со назнака за Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат на Владата.

Владата не презема обврска за вработување на волонтерите во органите на државна управа.