Русија

Путин официјално претседателски кандидат

29.01.2024 11:24

Руската Централна изборна комисија официјално го прифати Владимир Путин како кандидат на претседателските избори во март...

Руската Централна изборна комисија официјално го прифати Владимир Путин како кандидат на претседателските избори во март, откако неговиот тим го достави потребниот број потписи за неговата кандидатура за реизбор.

Путин е четвртиот претседателски кандидат кој доби одобрение од комисијата.

Заедно со актуелниот руски лидер, има и кандидати од екстремно десничарската либерално-демократска партија, комунистичката партија и новата народна партија, сите имаат претставници во парламентот и затоа не треба да собираат потписи.