Влада

Џафери седна на премиерското столче

29.01.2024 13:11

Досегашниот премиер Димитар Ковачевски му ја предаде функцијата на претседателот на преодната влада, Талат Џафери...

Досегашниот премиер Димитар Ковачевски му ја предаде функцијата на Талат Џафери, претседател на техничката влада. На заминување додаде дека изминатите две години додека бил на функцијата не биле лесни и се пофали дека со владините мерки бил воспоставен систем кој функционира во време на криза. Премиерот Џафери, пак, повтори дека преодната влада ќе биде транспарентна и ќе работи во служба на граѓаните.

Миле Ристевски го следеше примопредавањето.