Голема кашлица

Бебе со голема кашлица се лекува во „Козле“

29.01.2024 13:34

Две и пол месечно бебе од Тетово со голема кашлица се лекува во Универзитетската клиника за респираторни заболувања. По појава на неколку случаи на голема кашлица во земјава расте интересот за заштита на децата.

Две и пол месечно бебе од Тетово со голема кашлица се лекува во Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај деца „Козле“. Хоспитализирано е пред пет дена. Во моментот е во стабилна состојба, со редуцирана кашлица и нема потреба од кислородна поддршка, потврдуваат од клиниката за МТВ. Од почетокот на годината регистрирани се 7 случаи на голема кашлица во земјава. Причина е намалениот опфат со имунизација.
Наташа Јанчиќ-Менковски ги има деталите.