Македонија

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик

29.01.2024 13:45

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик....

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик.

Донесениот закон ќе придонесе за подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, за афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација како и за почитување и унапредување на јазичниот стандард.