Талат Џафери седна во премиерската фотелја на Илинденска
Досегашниот премиер Димитар Ковачевски му ја предаде функцијата на Талат Џафери, претседател на техничката влада. На заминување додаде дека изминатите две години додека бил на функцијата не биле лесни и се пофали дека со владините мерки бил воспоставен систем кој функционира во време на криза.

Талат Џафери седна во премиерската фотелја на Илинденска. За 100 – те дена мандат до изборите рече дека Уставот и законите ќе бидат основа за секоја владина одлука. Порача дека со министрите ќе ги направат сите предуслови изборите да бидат фер и демократски. Приоритет е стандардот на граѓаните, рече Џафери и најави унапредување на стратешкото партнерство со ЕУ, НАТО и САД.
Сите почнати политики треба целосно и континуирано да се реализираат. Очекувам посветеност во работата и концентрација на сите во владата – рече Ковачевски. Се надева на јасна политичка волја за политичка и економска стабилност на државата.
И додека Ковачевски веќе се фокусира на партиските активности на неговата партија и разговори со коалициските партнери, Џафери е во согледување на организираноста во владата и подготовка на првата владина седница.
Миле Ристевски
