Македонија

Со циркуларна економија до помалку отпад

29.01.2024 14:45

За минимизирање на отпадот бизнис секторот предлага формирање на иницијативен одбор за регистрирање на регионален хаб за циркуларна и зелена економија. Целта би била регионално поврзување и вмрежување на бизнис секторот и науката преку воведување нови иновативни технологии и паметно користење на ресурсите и ре-употребата на материјалите. Циркуларната економија од една страна ја максимизира употребата на ресурсите и на тој начин го намалува количеството на отпад...

Од 20 до 30 милиони денари годишно се трошат за отстранување на дивите депонии кои само по неколку месеци повторно се појавуваат. Невладините еколошки организации забележуваат дека во законот од 2020 година не се опфатени сите фракции на селектирање на отпадот, туку само на органски и друг, и сув или мокар отпад.

Токму затоа Министерството за животна средина престанало да го финансира отстранувањето на дивите депонии кои ги има над 1.000 во земјава. Не државата, не општините, отпадот го создаваат граѓаните и промената треба да се случи токму од поединецот со развој на еколошката свест, вели ресорната министерката Шукова.

За минимизирање на отпадот бизнис секторот предлага формирање на иницијативен одбор за регистрирање на регионален хаб за циркуларна и зелена економија. Целта би била регионално поврзување и вмрежување на бизнис секторот и науката преку воведување нови иновативни технологии и паметно користење на ресурсите и ре-употребата на материјалите.

Циркуларната економија од една страна ја максимизира употребата на ресурсите и на тој начин го намалува количеството на отпад. Тоа значи дека еден производ треба максимално да се искористи дали со рециклирање или со ре-употреба за да се намали отпадот на количината која финално ќе се депонира.

 

Александра Велинова