КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ
Северна Кореја тестираше крстосувачка ракета лансирана од подморница
29.01.2024 15:27
Војската на Јужна Кореја соопшти дека северниот сосед истрелал повеќе крстосувачки ракети во морето...

Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на крстосувачка ракета лансирана од подморница, во ек на заострување на односите со САД и сојузниците. Војската на Јужна Кореја соопшти дека северниот сосед истрелал повеќе крстосувачки ракети во морето.
„Војските на Јужна Кореја и САД ги анализираат лансирањето. Времето на летот е пократко од она што го тврдеше Северна Кореја“, изјави Ли Сунг Џун, портпарол на Здружениот штаб на Јужна Кореја.
Властите во Вашингтон и Сеул велат дека не виделе знаци дека Пјонгјанг има намера да преземе итна воена акција.
