На Шабац му се заканува епидемија

10.06.2014 12:47

Поради наезда на инсекти и опасност од глодари на подрачјето на градот, Штабот за вонредни состојби во Шабац вчера ги предупреди граѓаните дека епидемиолошката ситуација е критична.
 
Најголема е опасноста од појава на Западнонилска треска што ја пренесуваат комарците, а глодарите може да ја пренесат лептоспирозата предупредуваат експертите од Заводот за јавно здравје, Санитарниот инспекторат  и од Ветеринарниот институт.
 
Штабот им наложи на комуналните служби да ја повторат акцијата за уништување на инсектите и глодарите,од земја и од воздух, бидејќи претходната акција,  извршена минатата недела, не била успешна.
 
Соња Стојановска