Основци од Кавадарци злоупотребувале фотографии на соученички
Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Фотографиите биле преземени од социјалните мрежи и на нив биле монтирани фотографии со недолична содржина.

Малолетници правеле монтажа на фотографии од соученички врз експлицитни фотографии. Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Фотографиите биле преземени од социјалните мрежи и на нив биле монтирани фотографии со недолична содржина.
Наодот од нареденото вештачење, кое се однесува на дигитална обработка на фотографиите, е доставен до Обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука.
Според Државниот просветен инспекторат, овој настан со злоупотребени фотографии се случил надвор од училиштето, а по пријава од родители на случајот работат Министерството за внатрешни работи и ОЈО Кавадарци.
Со пријавените ученици бил извршен службен разговор, а било разговарано и со родителите на девојчињата чии фотографии биле злоупотребени.
