ТУРЦИЈА

Членови на Исламска држава приведени по престрелката во католичка црква во Истанбул

29.01.2024 18:50

Никогаш нема да ги толерираме оние кои се обидуваат да го нарушат мирот во нашата земја, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи на Турција.

Двајца членови на Исламска држава се приведени по престрелката во католичка црква во Истанбул, кога загина едно лице.

„Сметаме дека овие двајца странски државјани, едниот од Таџикистан, а другиот од Русија, се членови на Исламска држава. Никогаш нема да ги толерираме оние кои се обидуваат да го нарушат мирот во нашата земја“, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи на Турција.

Безбедносните сили извршиле рација на 30 адреси.