Македонија

20-годишна девојка почина од грип, да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести

29.01.2024 19:31

Д-р Злате Мехмедовиќ вели да се почитуваат и препораките за задолжително носење на маски во здравствените установи...

20-годишна девојка починала на Инфективната клиника како последица од грип. Од Комисијата за заразни болести апелираат – хронично болните да си го заштитат здравјето со имунизација.

Д-р Злате Мехмедовиќ вели да се почитуваат и препораките за задолжително носење на маски во здравствените установи.

Ова е седми смртен случај од почетокот на сезоната на грип. Девојката била префрлена на Инфективната клиника од Клиниката за хематологија.