САД

Тексас ќе постави бодликава ограда на целата граница

29.01.2024 20:27

Претходно, гувернерот Абот одобри распоредување војници и опрема на Националната гарда на Тексас на јужната граница и тврди оти граничната политика донела рекорден број мигранти во САД.

Тексас не се откажува. Властите ќе постават бодликава ограда на целата граница со Мексико, вели заменик-гувернерот, Ден Патрик. Крајниот рок на тексашките власти да им дозволат на федералните работници да влезат во дел од границата за да ги отстранат бариерите, истече во петокот.

Претходно, гувернерот Абот одобри распоредување војници и опрема на Националната гарда на Тексас на јужната граница и тврди оти граничната политика донела рекорден број мигранти во САД.

Републиканските гувернери на 25 американски држави, го обвинија претседателот Бајден за неподготвеност да се бори против илегалната миграција и изразија солидарност со властите во Тексас.