Собрание

Седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата

30.01.2024 09:00

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница се очекува да расправа по единствената точка на дневен ред...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница се очекува да расправа по единствената точка на дневен ред – утврдување на предлог за избор на судија на уставен суд. За уставен судија, според материјалите објавени на веб-страната на Собранието, е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева.

На првата седница одржана за оваа точка одржана на 25 јануари не беше утврден дневниот ред. На оваа седница, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа појаснување зошто е повлечен претходниот предлог за уставен судија. Воедно посочија дека со новиот предлог за судија не се запазени важни услови.

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија. Тој тогаш изјави дека изненадувачки и вулгарно било тоа предлогот да биде повлечен без да се наведат основни причини за тоа поради што му била нанесена штета.