Временска прогноза
Претежно сончево со умерен ветер од северен правец
30.01.2024 09:07
Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност...

Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, минималната температура ќе биде во интервал од-10 до-2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до-4, а максималната ќе достигне 9 степени.
