СП Бразил 2014
Повредата на Неимар го шокира Бразил
10.06.2014 12:55
Бразилските ТВ и радио станици практично ја прекинале програмата за да ја соопштат веста за проблемите за ѕвездата на Барселона...

Наваивачите на бразилската фудбалска репрезентација останаа без здив кога Неимар заради повреда го напушти последниот тренинг на „Селека“.
Бразилските ТВ и радио станици практично ја прекинале програмата за да ја соопштат веста за проблемите за ѕвездата на Барселона.
Фотографиите на кои Неимар лежи на теренот и се држи за местото што му предизвикува болка ги преплавија социјалните мрежи. Сепак се работи за полесна повреда.
Неимар набрзо се опоравил и неговото учество во првиот натпревар на Светското првенство во фудбал во четврток на бразилската репрезентација против хрватската, не е под знак прашање.
