Претрес кај тројца вработени во Клиника за онкологија
Обвинителството побара, а судот одобри претрес кај тројца вработени во Клиниката за онкологија и радиотерапија...

Обвинителството побара, а судот одобри претрес кај тројца вработени во Клиниката за онкологија и радиотерапија. Рано утрово полицијата упадна во нивните домови, каде со истражители од Обвинителството се проверува дали учествувале во злоупотреби и кражби правени од Онкологија. Засега, неофицијално е познато дека еден од претресите е во дом на раководител на сектор.
Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја почна екс-министерот Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника.
Претресите се прават во рамки на веќе отворениот предмет за злоупотреби на оваа Клиника. Со месеци се истражува дали и како била крадена скапата терапија која треба да спасува животи на заболени од рак.
