Седница

Седница ќе одржи Комисијата за европски прашања

30.01.2024 09:17

Членовите на Комисијата ќе дискутираат по четирите од пакетот закони подготвени од Министерството за информатичко општество и администрација...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања.

Членовите на Комисијата ќе дискутираат по четирите од пакетот закони подготвени од Министерството за информатичко општество и администрација – Предлог на законот за административни службеници, Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог на законот за вработените во јавниот сектор и Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, сите по скратена постапка.

Истите четири закони се на дневен ред и на собраниската Законодавно – правна комисија.