Тексас

Се зголемува тензијата во Тексас

30.01.2024 09:33

Планирани се протести низ државата, во организација на група чии членови се опишаа себеси како „божја војска“, во знак на протест поради рекордниот број мигранти кои илегално преминале од Мексико...

Растат тензиите во Тексас. Планирани се протести низ државата, во организација на група чии членови се опишаа себеси како „божја војска“, во знак на протест поради рекордниот број мигранти кои илегално преминале од Мексико.

Собирите доаѓаат во време на ескалација на тензиите меѓу администрацијата на американскиот претседател Бајден и државните власти поради напорите на Тексас да ја обезбеди границата.

Врховниот суд пресуди дека агентите на граничната патрола можат да ја отстранат поставената жица во должина од речиси 50 километри.