Франција

Француските земјоделци втор ден ги блокираат автопатите околу Париз

30.01.2024 09:34

Француските фармери продолжуваат со протестите и покрај мерките за помош што ги најави француската влада...

Француските фармери продолжуваат со протестите и покрај мерките за помош што ги најави француската влада. Земјоделците не се задоволни со ниските приходи и тврдат дека се задушени од прекумерните еколошки регулативи.

Владата одржува толерантен однос кон протестите и покрај некои насилни инциденти. Сепак, на полицијата ѝ било наредено да ги заштити париските аеродроми и пазарот за храна.

Деновиве се очекуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.