Од 20 јуни пензионерите и во недела бесплатно во автобус
10.06.2014 13:04
Пензионерите веќе бесплатно ги користат услугите на ЈСП Скопје и во вторник, петок и сабота...

Од 20 јуни пензионерите и во недела бесплатно ќе се возат во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Ова денеска го истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на отворањето на Ревијата на песни, музија и игри на пензионерите кое се одржува во Универзалната сала во Скопје.
Пензионерите бесплатно ги користат услугите на ЈСП Скопје и во вторник, петок и сабота.
