ЦУК: 1847 повици на 112, од нив реални само 40 проценти
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,37% со другите 60,60% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 987 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.847 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,96%, а 58,04% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 55,67%, кон Итната медицинска помош 38,49%, а кон пожарникарите 4,47% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,37% со другите 60,60% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 987 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи
Сношти, како што соопштија од ЦУК, по добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека во пределот кај месноста Милениумски крст на Водно се наоѓаат пет залутани лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје. Полицајците веднаш тргнале со возило и ги пронашле, а потоа безбедно ги спуштиле во градот.
„Зимски“ пожари на вегетација на отворено според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата сè уште има, така и во последното неделно деноноќие имало 7 пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а и отпадоци гаснеле пожарникарите од Скопје кај с. Варвара, од Прилеп кај патот за Даблница, се наведува во соопштението.
