Случај „Онкологија“

Уапсен е поранешниот директор на Онкологија

30.01.2024 10:54

Во утринската акција на полицијата спроведена по наредба на Јавното обвинителство уапсен е поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев...

Во утринската акција на полицијата спроведена по наредба на Јавното обвинителство уапсен е поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев.

Васев е приведен во полициска станица по налог на обвинителката која го води предметот за кражба на цитостатици. Уште неколкумина други лица се приведени. Има и лица кои се недостапни за органите на прогонот.

Полицијата не успеала да ги лоцира на адресите кои ги дало Обвинителството.