МВР
Приведен крадец во гостиварско
30.01.2024 10:54
Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 15 минути во гостиварска Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населба Фазанерија...

Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 15 минути во гостиварска Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населба Фазанерија, соопштија од МВР.
Тој се сомничи дека на 27-ми овој месец во Гостивар извршил разбојничка кражба над друг малолетник од населбата Циглана и му одзел личен предмет. Одземениот предмет вчера е пронајден и вратен на мајката на малолетникот.
По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.
