ФЗОМ

Управниот одбор на Фондот за здравство ќе се состане попладне

30.01.2024 11:19

Управниот одбор на Фондот за здравство ќе се состане попладне. Се чека одлуката, најдоцна до утре дали по владината препорака ќе се намалат платите на вработените за 21 процент...

Управниот одбор на Фондот за здравство ќе се состане попладне. Се чека одлуката, најдоцна до утре дали по владината препорака ќе се намалат платите на вработените за 21 процент.

Вработените излегоа на протест. Од синдикалната организација на ФЗОМ велат дека доколку се донесе одлука за кратење на примањата, од 1-ви февруари ќе стапат во генерален штрајк. Нема да има рецепти, упати и исплата на боледувања.

На шалтерите ќе има по еден вработен кој ќе ги прима само документите. Од синдикатот велат дека иако најмногу ќе страдаат граѓаните, се принудени на ваков чекор.

Според синдикатот предлогот да се намалат платите бил на министерот за финансии. Инаку, буџетот на фондот е над 46 милијарди денари, од нив 1.19 проценти се издвојуваат за плати.