Во Битола се зголемува бројот на хоспитализирани од бронхопневмонија и заболени со грип
Бројот на прегледи и хоспитализации од респираторните и вирозни заболувања, од ден во ден се зголемува во битолската Клиничка болница. Медицинските работници, велат се работи за пациенти кои се работоспособни и не се вакцинирани. Впечаток е дека делумно од граѓаните се посветени на почитување на препораките.

И на почетокот од новата недела се зголемува обемот на работа во инфективното и интерното одделение во кое до крајот на минатиот викенд, биле извршени околу 450 прегледи а во 40 проценти од нив биле констатирани респираторни заболувања.
Медицинските работници, велат се работи најчесто за пациенти од 15 до 65 годишна возраст и претежно доаѓаат благовремено по забележувањето на првите симптоми, но и со констатација дека не ја испочитувале препораката за вакцинирање.
Граѓаните велат дека познати им се основните препораките на лекарите, но одговорноста за нивната примена во секојдневието не сите подеднакво ја почитуваат.
Од двете одделенија на Клиника, очекуваат бројката ќе оди во нагорна линија се до достигнувањето на пикот и намалувањето на аерозагаденоста.
Засега нема некои потешки случаи кој се препраќаат на скопските клиники.
Стевче Митревски
