Успешна завршница на драмата во Охридско Езеро

10.06.2014 13:08

Акцијата била извршена вчера околу 16 часот во езерските води во близина на хотелот „Бисер“ на струшкото крајбрежје...

Три малолетни лица безбедно се спасени од водите на Охридското езеро и вратени на копно во акцијата на полициската станица за граничен надзор на Охридското езеро.

Акцијата била извршена вчера околу 16 часот во езерските води во близина на хотелот „Бисер“ на струшкото крајбрежје. Малолетниците се наоѓале во изнајмена педалина која невремето и силниот ветер неконтролирано ја носеле кон албанските територијални води.

Езерската патрола изврши итно пребарување на езерскиот квадрант, и на околу 1,5 километри од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер“ ја забележала педалинката и ги спасила трите малолетници од високите езерски бранови.