ПАКИСТАН
Поранешниот пакистански премиер Имран Кан осуден на 10 години затвор
30.01.2024 12:12
Обвинението се заснова на објавена содржина на доверлива телеграма, испратена до Исламабад од пакистанскиот амбасадор во Вашингтон во 2022 година...

Пакистанскиот суд го осуди поранешниот премиер Имран Кан и еден од неговите партиски заменици на по 10 години затвор, откако ги прогласи за виновни за оддавање државни тајни.
Обвинението се заснова на објавена содржина на доверлива телеграма, испратена до Исламабад од пакистанскиот амбасадор во Вашингтон во 2022 година. Кан се изјасни за невин и тврдеше дека содржината на дипломатската комуникација претходно била објавена во медиумите од други извори.
