МВР
Средба на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со амбасадорката на Република Грција
30.01.2024 12:33
Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.

Денес Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со амбасадорката на Република Грција Н.Е. Софија Филипиду.
На средбата беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.
Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.
