МЗ не посочува која е причината за смена на Стевановиќ
Од Министерството за здравство не посочуваат која е причината зошто е сменета доктор Милена Стевановиќ од директорската позиција на Клиниката за инфективни болести...

Од Министерството за здравство не посочуваат која е причината зошто е сменета доктор Милена Стевановиќ од директорската позиција на Клиниката за инфективни болести. На нејзино место е назначен инфектологот Фадил Цана кадар од Алијанса за Албанците.
Тој ја извршуваше функцијата заменик-претседател во Управниот одбор на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше пред една година и за министерското место.
Доктор Стевановиќ е од редовите на СДСМ, со инфективна раководеше седум години, во периодот на Ковид пандемијата кога таму се лекуваа најтешките пациенти. Техничката влада беше избрана во неделата, а нешто повеќе од 24 часа доаѓа првата директорска смена.
