Македонија подобра од лани, судството поткопано
Македонија се вброи во средно корумпирани држави, позиционирајќи се на 76 место што е подобро од минатогодишната состојба кога беше на 85 место. Сепак, земјава е означена како земја со сериозни проблеми со корупцијата, покажа извештајот на Транспаренси Интернешенл за 2023 година...

Се вбројува во средно корумпирани држави, но Македонија сепак се соочува со сериозни проблеми со корупцијата, покажа извештајот на Транспаренси Интернешенл за 2023 година. Малиот напредок нотиран во судството е нарушен поради, како што се вели, недемократски направените измени на Кривичниот законик.
Во нетранспарентна и брза постапка пратениците го измениле Кривичниот законик намалувајќи ги затворските казни и рокот на застарување на делата за злоупотреба на службената положба. Судството и Обвинителството се значително поткопани, велат од Транспаренси.
Позиционира на 76-то место, што е подобро од минатогодишното 85–то, Македонија е второрангирана меѓу балканските земји после Црна Гора која е на 63-то место. Во регионот најдобра е Хрватска која е на 57 позиција. Најголем скор индексни поени годинава има Данска со 90, а најлошо рангирана е Сомалија со 11 индексни поени.
Фиљана Кока
