Македонија

Пендаровски одликуваше шестмина македонисти со Медал за заслуги

30.01.2024 14:40

Претседателот Пендаровски одликуваше македонисти со Медали за заслуги. Ги крепи недвосмислениот факт дека во меѓународната научна заедница, местото и важноста на македонскиот јазик никогаш не биле доведени во прашање, потенцираше Пендаровски...

Речиси, нема македонист од постарата генерација кој не искусил непријатни притисоци од центри кои ги негираат македонскиот јазик и идентитет. Претседателот Пендаровски одликуваше шестмина со Медали за заслуги. Ги крепи недвосмислениот факт дека во меѓународната научна заедница, местото и важноста на македонскиот јазик никогаш не биле доведени во прашање, потенцираше Пендаровски.

Одликувани беа Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет, постхумно Јежи Русек и Кшиштоф Вроцлавски. Ќерката на академик Далибор Брозовиќ од Хрватска, одликуван за особен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик и неговите дијалекти.

Со потпишување на указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој неодамна беше потпишан во Собранието, го продолжуваме заветот на Мисирков дека милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право, рече Пендаровски.

 

Александра Спировска