Политика

Прва седница на техничката влада, заседава новоизбраниот премиер Џафери

30.01.2024 15:11

Конститутивна седница на техничката влада под палката на Талат Џафери. Формирање на владини комисии и назначување на вицепремиери...

Конститутивна седница на техничката влада под палката на Талат Џафери. Формирање на владини комисии и назначување на вицепремиери. Од коалициската договорена рокада, Бојан Маричиќ е прв вицепремиер, а досегашниот Артан Груби од сега ќе биде задолжен за спроведување на политичкиот систем и политичките прашања. Пред нас е клучна обврска, а таа е организирање на изборите, Џафери очекува ангажираност и транспарентност во работата.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека социјал демократите се малцински партнер во својата влада и дека Ковачевски ги понижил сопствените пратеници, бидејќи без нивните гласови Џафери немало да стане премиер.

На првата седница од преодната влада не беа присутни само новиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски и вицепремиерката Славица Грковска.

 

Миле Ристески