Низа реакции за предлогот „пари во плик“ за сезонските работници
Политичката неизвесност и предизборието секогаш носат застој во функционирање на компаниите. Борба со корупцијата и сивата економија, се очекувањата на бизнис-секторот од новата влада. Низа реакции и за предлогот „пари во плик“ за ангажираните сезонски работници-законско решение што го подготвува Министерството за труд и социјална политика…

Бизнис-секторот не е консултиран за предлогот „пари во плик“ за ангажираните сезонски работници-законско решение што го подготвува Министерството за труд и социјална политика. Од Стопанската комора велат дека ќе ги почитуваат правата на работниците.
Има низа реакции со оглед на фактот дека работниците долги години се залагале за укинувањето на овој начин на исплата. Ова решение ќе ја поттикне сива економија и дискриминација, велат од „Гласен текстилец“.
Бизнис-секторот вели, политичката неизвесност и предизборието секогаш носат застој во функционирање на компаниите. Борба со корупцијата и сивата економија, гасификација на државата, директна поддршка на компаниите од државата, регистрација на електронските медиуми и поголеми напори за ЕУ-интеграции, се очекувањата на бизнис-секторот од новата влада.
Александра Велинова
