Ревија на пензионери: Младоста не ги напушта и во третата доба

10.06.2014 13:31

Манифестацијата на која секоја година учествуваат пензионери од сите градови во Република Македонија во континуитет ја афирмира македонската традиција и староградскиот фолклор...

На традиционалната 12-та по ред пензионерска Ревија на песни, музика и игра, 37 пензионерски здруженија од 6 македонски региони, покажаа дека младоста не ги напуштила и во третата доба.

Манифестацијата на која секоја година учествуваат пензионери од сите градови во Република Македонија во континуитет ја афирмира македонската традиција и староградскиот фолклор.

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска во обраќањето на отворањето на Ревијата на песни, музика и игри на пензионерите рече дека манифестацијата е одраз на силната желба на пензионерите, посветеност и длабока почит кон трајните вредности на културата како наше национално обележје.

Таа упати благодарност до Сојузот на пензионерите и до сите 57 здруженија кои преку манифестацијата веќе 12 години даваат свој искрен придонес во негувањето на богатата македонска етнокореолошка традиција, староградскиот фолклор и изворното творештво.