Македонија
МВР: Приведен криминалец баран со потерница
30.01.2024 18:29
Д.М. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната, сооптуваат од МВР.

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 16 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, по распишана потрага и со судска наредба, го привеле 43-годишниот тетовец Д.М., осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Набргу, Д.М. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната, сооптуваат од МВР.
