Прва владина седница

Џафери ги определи замениците

30.01.2024 18:57

На првата владина седница, премиерот Џафери ги определи замениците на претседателот на Влада...

Како што соопштуваат од владината прес- служба, премиерот Талат Џафери на првата седница на новоизбраниот владин состав за заменици на претседателот на Владата ги определи:

Бојан Маричиќ, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања;

Артан Груби, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците;

Фатмир Битиќи, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции и

Славица Грковска, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење.