И попови и оџи не плаќале придонеси

05.12.2013 16:08

Од утре на 6 000 правни и физички лица

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување наплатил долгови за придонеси од 766 правни и физички лица.Тоа се половина од пријавените  што навреме побарале да го платат долгот за периодот од 1998 до 2008 на 6 рати со отпишана камата . На Фондот му должат 6000 фирми и приватни лица на кои од утре ќе им бидат блокирани жиро-сметките.                                              

Од утре на 6000 правни субјекти и физички лица ќе им бидат блокирани жиро-сметките затоа што немаат платено придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. Меѓу најголемите должници се и Македонски шуми со 340 милиони денари за кои обврските ги презема државата.АД Маврово, кој е во стечај, не платиле придонеси во износ од половина милион денари. Во првите 5 се и Баргала- Штип, Комуналец- Гостивар и Славија. Вкупните долгови за придонесите се 10 милијарди денари.

Според  Беким Незири- директор на ФПИОМ ,,Од тие 10 милијарди, реални за наплата се 2,3 милијарди зашто другите се од фирми во стечај,во ликвидација, фирми со коишто се тужиме,со оние што се пасивни, така што тие реално не се наплатливи.“

Незири е задоволен од наплата на долговите за оние со отпис на камата за периодот од 1998 до 2008 година. Во рокот до 31 мај годинава се пријавиле 1426 правни и физички лица, а на 6 рати платиле 766 .

,,Од тоа, по категории се 547 правни субјекти, 59 адвокати, 127 индивидуални земјоделци, 33 свештени лица, односно 26 попови и 7 оџи.“ соопшти директорот Незири.

Рокот за поднесување барања во УЈП за отпис на камати за неплатено пензиско за периодот од јануари 2009 до декември 2013 е до крајот на годинава.

Соња Стојановска