Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Битола- еден загинат, дваесетина повредени

30.01.2024 19:47

Едно лице загина, а дваесетина лица се повредени при судир на автомобил со комбе кое превезуваше работници. Сообраќајната несреќа се случи попладнево на излезот од Битола, кон Демир Хисар…

42-годишен битолчанец, кој бил совозач во патничкото возило „Пежо“, е загинатиот во тешката сообраќајна несреќа на патот Битола-Демир Хисар, извести СВР Битола. Со возилото управувал 36-годишниот К.Ј. од Битола.

Во комбето имало 18 работници и возачот, 25-годишниот А.С. од село Вирово. Сите се пренесени во битолската Клиничка болница каде што им е укажана лекарска помош.

Од Обвинителството известуваат дека јавен обвинител од ОЈО Битола извршил увид на самото место заедно со вешто лице.

Александра Максимовска известува од местото на несреќата