ЦУК

Спасувачка акција организирана од страна на ЦУК

31.01.2024 09:07

Во акцијата организирана од Секторот за операции и координација при ЦУК со Регионалниот ЦУК Скопје, учествувале двајца припадници од Министерството за внатрешни работи и медицински тим од скопската Служба за итна медицинска помош...

Во акцијата организирана од Секторот за операции и координација при ЦУК со Регионалниот ЦУК Скопје, учествувале двајца припадници од Министерството за внатрешни работи и медицински тим од скопската Служба за итна медицинска помош, а до повредениот стасале пешки заради оддалеченоста на местото на несреќата од патот. 

Спасувачка акција за лице со скршена нога при пешачење на патека на водно е спроведена вчера доцна попладне, по известување на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи.